Македонија 01. септември 2020. / 18:45

Во Куманово денеска десет новозаболени од Ковид-19

Во Куманово денеска десет новозаболени од Ковид-19

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира, десет нововозаболени лица од Ковид 19, од кои девет во Куманово, еден од општина Липково соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 74 пациенти од Куманово, соопшти Министерството за здравство.

Новозаболените веќе имале контакти со претходно заболени. Апелираме до пациентите да ги кажуваат контактите за да дејствуваме навремено, изјави директорот на Центарот Ариф Љатифи.

Денеска се изврешни 22 тестирања од кои, 21 по „Мој Термин“ и едно тестирање извршено согласно епидемиолошка индикација. Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.482, а во моментов активни се 315 случаи.