Македонија 15. април 2020. / 11:01

Во Кичево ќе се дезинфекцираат верските објекти

Во Кичево ќе се дезинфекцираат верските објекти

Координативното тело на Општина Кичево соопшти дека и денеска ќе продолжат со несмален интензитет активностите за дезинфекција според однапред утврден работен план.

Покрај континуираното дезинфицирање на главните улици на градот што се прави двапати на ден, како и дезинфекција во селата, на локалните институции, просториите на болничкиот центар во Кичево, од денеска ќе започне процесот на дезинфекција и на верските објекти во целата територија на општината.

Процесот на дезинфекција ќе го извршат припадниците на армијата кои ќе се вклучат во акцијата, информира градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари.Тој апелира до граѓаните на општината во целост да ги почитуваат препораките на Владата и Општинското координативно тело за спречување на ширењето на коронавирусот.