Македонија 03. јули 2020. / 10:39

Во јуни во САД отворени 4,8 милиони работни места

Во јуни во САД отворени 4,8 милиони работни места

Американските работодавачи во јуни отвориле значително повеќе работни места, отколку што се очекувало, иако новиот пораст на бројот на заболени од корона вирусот се заканува да го загрози опоравувањето. Зашто, во 40 од 50 американски држави бројот на новозаболени е во постојан пораст.

Во САД во јуни биле нето отворени 4,8 милиони работни места, објави Министерството за труд, пренесува Ројтерс.

Тоа е најголем број новоотворени работни места во еден месец дури од 1939 година, од кога државата почнала да ги евидентира овие податоци.

Во мај, пак, биле отворени 2,7 милиони работни места. Економистите за јуни предвидуваа бројка од околу три милиони отворени работни места.