Македонија 23. март 2020. / 10:06

Во хотелот „Ибис Стајл“ во Тафталиџе сместени 59 лица во карантин

Во хотелот „Ибис Стајл“ во Тафталиџе сместени 59 лица во карантин

Во хотелот „Ибис Стајл“ (поранешна Мала Богородица – Систина) вчеравечер се примени првите 59 лица кои во земјава влегле на Деве Баир и од Косово и за кои е потребно да бидат во изолација, односно во карантин. Четворица од нив кои имале покачена температура веднаш се испратини на проверка за Ковид 19 во Инфективната клиника.

Во хотелот има и шест полицајци кои ја обезбедуваат локацијата и 16 вработени кои работат во смени. За вработените е обезбедена заштитна опрема.

– Собите во хотелот се целосно опремени според барањата и потребите за згрижување граѓани кои треба да се во изолација. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ обезбедува и медицински персонал, поддршка и опрема. За лицата ќе биде обезбедена и храна. Освен редовна контрола на пациентите, за итни случаи докторите на „Аџибадем Систина“ ќе стојат целосно на располагање и ќе доаѓаат на повик – велат од „Аџибадем Систина“.

 

Од таму објаснуваат дека во случај на симптоми на Ковид 19, пациентите ќе бидат пренесувани во Инфективната клиника со асистенција на Министерството за здравство

– Трите оброци за изолираните лица ги обезбедува државата во вредност од 600 денари по лице. Сите останати трошоци за сместување, вработени и медицинска поддршка ги покрива Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“ – порачуваат од „Аџибадем Систина“.