Македонија 23. март 2020. / 10:06

Во хотелот „Ибис Стајл“ во Тафталиџе сместени 59 лица во карантин

Во хотелот „Ибис Стајл“ во Тафталиџе сместени 59 лица во карантин

Во хотелот „Ибис Стајл“ (поранешна Мала Богородица – Систина) вчеравечер се примени првите 59 лица кои во земјава влегле на Деве Баир и од Косово и за кои е потребно да бидат во изолација, односно во карантин. Четворица од нив кои имале покачена температура веднаш се испратини на проверка за Ковид 19 во Инфективната клиника.

Во хотелот има и шест полицајци кои ја обезбедуваат локацијата и 16 вработени кои работат во смени. За вработените е обезбедена заштитна опрема.

Собите во хотелот се целосно опремени според барањата и потребите за згрижување граѓани кои треба да се во изолација. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ обезбедува и медицински персонал, поддршка и опрема. За лицата ќе биде обезбедена и храна. Освен редовна контрола на пациентите, за итни случаи докторите на „Аџибадем Систина“ ќе стојат целосно на располагање и ќе доаѓаат на повик – велат од „Аџибадем Систина“.

 

Од таму објаснуваат дека во случај на симптоми на Ковид 19, пациентите ќе бидат пренесувани во Инфективната клиника со асистенција на Министерството за здравство

Трите оброци за изолираните лица ги обезбедува државата во вредност од 600 денари по лице. Сите останати трошоци за сместување, вработени и медицинска поддршка ги покрива Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“ – порачуваат од „Аџибадем Систина“.