Македонија 31. март 2020. / 12:57

Во хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка сместени 154 лица во државен карантин

Во хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка сместени 154 лица во државен карантин

Во хотелите „Попова Шапка” и „Славија” на Попова Шапка, кои се во сопственост на АД ЕСМ, во државен карантин поради коронавирусот сместени се 154 лица.

Сместувањето, како што информираат од АД ЕСМ, е извршено во текот на вчерашниот и денешниот ден, а граѓаните се вратени со два лета од Виена, Австрија и од Базел, Швајцарија.

-При приемот, лицата се контролирани и анкетирани од страна на медицинска екипа од Клиничкиот центар-Тетово, со постојано присуство и асистенција на МВР. Дистрибуцијата на храна, вода и средства за хигиена до собите се извршува од страна на вработените во „Елемтурс”, според пропишаните процедури и протоколи, велат од АД ЕСМ.