Македонија 14. септември 2020. / 13:35

Во Гевгелија регистрирани рекордни осум новозаболени од коронавирусот во еден ден

Во Гевгелија регистрирани рекордни осум новозаболени од коронавирусот во еден ден

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, Општина Гевгелија со новонотираните осум новозаболени лица,го собори дневниот рекорд на инфицирани од Ковид-19 во еден ден, потврдија од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија од каде велат дека од почетокот на пандемијата до денеска ова е најголем број на случаи во југоистокот од земјава.

Ова се должи, пред се, на недисциплината на нашите сограѓани кои и покрај предупредувањата и нашите секојдневни апели, не ги почитуваат препораките за доследна примена на заштитните мерки, пред се, за носењето маски, држењето социјална дистанца и миење и дезинфекција на рацете, рече епидемиологот доктор Сашо Олумчев кој денеска апелираше заштитните маски да се носат дури и на отворен простор поради опасноста од ширење на вирусот и по воздушен пат.

Констатацијата на докторот за недициплинираното однесување на граѓаните од Општина Гевгелија во однос на примена на заштитните мерки и почитување на протоколите за заштита од ширење на коронавирусот ја потврдува и податокот од Полициката станица со општа надлежност од Гевгелија според кој за период од четири месеци на територијата на општината се изречени 1.512 казни за неносење на заштитни маски.