Македонија 05. јуни 2020. / 16:27

Во Дебар повторно се појави случај со Kовид-19

Во Дебар повторно се појави случај со Kовид-19

По повеќе од еден и пол месец, во Дебар повторно се појави случај со ковид-19, информираше градоначалникот Хекуран Дука на прес-конференција денеска.

Станува збор за жена од селото Долно Косоврасти која синоќа околу 10 часот со висока температура била однесена во Општата болница во Дебар.

– Таа веднаш е третирана со адекватна терапија, изолирана и транспортирана во клиниката за анестезиологија и реанимација каде е земен брис и е утврдено дека е позитивна. Имала контакт со домашните, со тие што оделе да ја посетат дома и со медицинскиот персонал кој бил на дежурство. Така што, Дебар веќе не е зелена зона, има еден случај што се очекуваше, рече Дука.

Епидемиолог е веќе излезен на терен за да се детектираат контактите и да се стават во изолација, а во изолација ќе биде и медицинскиот персонал.