Македонија 14. март 2020. / 19:09

Во Дебар и Центар Жупа мобилизирана и Дирекцијата за заштита и спасување

Во Дебар и Центар Жупа мобилизирана и Дирекцијата за заштита и спасување

Наредба за мобилизација на дел од припадниците за заштита и спасување издал директорот на Дирекцијата за заштита и спасување ( ДЗС), Аднан Џафероски.

 

-Силите на ДЗС покрај делувањето во внатрешноста на кризното подрачје ќе делуваат на два контролни пунктови каде ќе се врши детална деконтаминација на медицинските возила, возилата за дотур на намирници и лекови и другите возила кои со посебна дозвола ќе се движат во кризното подрачје, се наведува во соопштението од ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување апелира да се почитуваат мерките донесени од страна на Владата на Република С.Македонија поради лична заштита и заштита на целото население.