Македонија 07. ноември 2020. / 08:00

Во болниците има 895 пациенти, тројца се на респиратор

Во болниците има 895 пациенти, тројца се на респиратор

Во болниците во земјава хоспитализирани се вкупно 895 пациенти кои се заразени или суспектни на ковид-19, покажува вчерашниот извештај на Министерството за здравство.

Од нив, тројца се на респиратор и тие се сместени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Во оваа болница вкупно има 79 хоспитализирани.

Најмногу пациенти има на Инфективната клиника, вкупно 150. Од нив, на кислородна поддршка се 130, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 10 дечиња, од кои 9 се позитивни, а едно е суспектно на ковид-19. Исто така, во оваа установа сместени се и 22 возрасни пациенти.

Во Институтот за ТБЦ, пак, има 48 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Од болниците во внатрешноста, во битолската хоспитализирани се 70, а во штипската 58 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 458 позитивни и сомнителни на ковид-19.