Македонија 12. ноември 2020. / 07:50

Во болниците има 1.049 пациенти, седум се на респиратор, а 134 се на кислородна поддршка

Во болниците има 1.049 пациенти, седум се на респиратор, а 134 се на кислородна поддршка

Вкупно 1.049 лица се хоспитализирани поради коронавиурс во болниците во Македонија, соопшти Министерството за здравство.

На Инфективната клиника примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 155 пациенти. На кислородна поддршка се 134 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца позитивни и 3 суспектни на Ковид-19 и 27 возрасни пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 7 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 21 пациент, на кожната клиника 23 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 444
• Гази Баба – 1007
• Аеродром -1161
• Карпош – 987
• Центар – 956
• Кисела Вода – 922
• Ѓорче Петров – 595
• Бутел – 389
• Шуто Оризари – 123
• Студеничани – 36
• Сарај – 81
• Арачиново -20
• Илинден – 183
• Сопиште – 57
• Чучер Сандево – 65
• Петровец –73
• Зелениково -42
• Странец – 119
• Нераспределен- 150