Македонија 21. јуни 2020. / 13:54

Во болницата во Козле се примени две деца позитивни на Ковид-19

Во болницата во Козле се примени две деца позитивни на Ковид-19

Денеска во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ се примени две деца кај кои е потврден корона вирусот, потврди за Фактор директорот, д-р. Ангелчо Андоновски.

Од утринава примивме две деца кои се позитивни на Ковид-19. Направени се и тестови на нивните родители, но тие се негативни, изјави д-р. Андоновски.

Овој Институт за белодробни заболувања кај децата во текот на викендот целосно е пренаменет во центар за болни од корона вирусот. Дечињата кои имаат потреба од хоспитализација, но не се заразени се префрлени на Детската клиника, а останатите се пуштени на домашно лекување.