Здружението за одржлив развој „Сфера Интернешнал“ и НВО „Имка“ – Битола денот на волонтирањето го одбележуваат со имплементирање на проектот „Волонтирај – Прогресирај“.
Главна цел на проектот е да се промовира волонтирањето меѓу младите за поголема вклученост во волонтерскиот процес, посочуваат двете битолски невладини организации.
Според програмата од денеска до 6 декември во Битола ќе се одржат креативни работилници за креирање на апциклирани торби за купување изработени од стари маици, на неколку локации во градот ќе се врши собирање на донирани книги, планиран е и Саем за волонтеризам, како и посета на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола, а серијалот активности ќе заврши со крводарителска акција.
Активностите од 2-ри до 6 декември се одржуваат со поддршка на Општина Битола.