Македонија 21. мај 2020. / 16:16

Во Аеродром седумина новозаболени од коронавирус се од иста фамилија

Во Аеродром седумина новозаболени од коронавирус се од иста фамилија

Од новозаболените 40-мина од Ковид-19, кои биле регистрирани во изминатите 24-часа, повеќето се од главниот град, односно 26, пишува Фокус.

Како што дознава „Фокус“, од доброупатени извори, 9 од заразените се од населбата Аеродром, 4 од Сарај, а заболени биле регистрирани и во Бутел и Ѓорче Петров.

Од заболените кои живеат во населбата Аеродром, седумина се од иста фамилија.