Во Македонија постојат 22 подрачја каде претходно било откриено Антракс и согласно процедурите треба наредните 20 години од откривањето животните да се вакцинираат еднаш годишно и тоа најчесто се прави во пролет, вели за Лидер извор од факултетот за ветерина.
Во 2019 година сеуште не е извршена вакцинацијата што е сериозен и тоа значи дека во сите овие 22 подрачја може повторно да се појави болеста антракс.
Исто така под сериозен сомнеж е и дали биле вакцинирани животните во овие подрачја и во 2018 година.
Директорот на АХВ со уверување дека тешко може човек да се зарази со антракс од заразно месо, бидејќи при колење на животни мора да биде приложен здравствен сертификат.
Вчера пак, од Ветеринарниот факултет соопштија дека нивни вработени кои ги правеле анализите на заболената овца, земаат превентивна терапија.