Македонија 22. декември 2019. / 11:10

Во 2018 издадени 1,75 милиони рецепти за антибиотици

Во 2018 издадени 1,75 милиони рецепти за антибиотици

Бројот на педијатриски прегледи во болниците и амбулантите во земјава е зголемен за 30 насто во однос на другите периоди од годината. Речиси сите случаи се поврзани со респираторни инфекции, пишува Алсат.

Педијатарот Сани Бајрами, вели дека неконтролираната употреба на антибиотици кај децата влијаела за оваа состојба. Бајрами вели дека се соочува со притисок од родители кои инсистираат да им бидат дадени антибиотици на децата.

Има многу родители кои бараат најкраток пат до заздравување, дури и ако нема индикации, бараат антибиотици за да ја намалат нивната вознемиреност, но тоа не се толерира. Лекарот е оној што треба да одлучи кога и кому треба или не треба да се даде антибиотик. Постојат строги критериуми за употреба на антибиотици, затоа е многу важно прво да не се злоупотребуваат, првин од родителите, но факт е дека значителен дел од лекарите го злоупотребуваат давањето антибиотици или со лошото препишување на антибиотици. Треба да се почитуваат минималните критериуми за дијагностицирање на инфекциите, особено на сезонските респираторни инфекции кога строго се знае кога да се даде антибиотикот – изјави Сани Бајрами, педијатар.

Анкетираните родители од АЛСАТ признаваат дека најчесто антибиотици, за своите деца користат за грип и болки во грлото.

Официјалните податоци од Фондот за здравство велат дека 1,75 милиони рецепти за антибиотици биле препишани во текот на 2018 година, бројка што е за 2 отсто пониска од претходната. Но, според надлежните, ова не е за поздравување.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.