Македонија 12. мај 2020. / 21:50

Во 12 градови во земјава нема веќе Ковид-19

Во 12 градови во земјава нема веќе Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче на својот „Фејсбук“ профил објави дека заклучно со денеска во 12 градови каде имаше заболени, веќе нема активни случаи на КОВИД-19.

Тој апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да се задржи овој тренд.

– Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба во однос на епидемијата. Бидејќи капацитетите за тестирање се растеретени, од утре почнуваме со масовен скриниг – започнуваме со вработените во детските градинки, пишува Филипче.