Македонија 08. февруари 2021. / 09:16

Внимавајте: Магла на патот Демир Капија-Миравци

Внимавајте: Магла на патот Демир Капија-Миравци

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по претежно суви коловози.

Поради појава на магла на патниот правец, автопатот Демир Капија – Миравци видливоста е намалена до 50 метри.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.