Зголемувањето на цената на цигарите ги насочи корисниците на тутун сами да купуваат тутун, за нив цената е многу поефтина дури и за три пати помалку во однос на купување на цигари за еден месец.
Каков квалитет има режаниот тутун?
Според првичните информации од страна на царинската управа во дел од тутунот најдени се одредени параметри над дозволеното. Најверојатно станува збор за пестициди.
Засега се чекаат сите анализи за да целосно се објават јавно велат од Царинската управа за Канал 5.
-Една од активностите која е планирана е формирање на работното тело за елиминирање на нелегална трговија со тутун. Работното тело е во фаза на реализација за испитување на квалитетот и составот на режаниот тутун кој засега нелегално се продава на пазарите, велат од царинска управа.
Професор Златко Арсов професор на земјоделскиот факултет не запозна со „Викторија“ високо квалитетниот тутун.
Но кај нас на пазарите овој вид на тутун ретко го има она што се увезува досега е со непроверен квалитет.
Спас се бара во новиот закон за тутун и тутунски производи каде според одредени критериуми ќе се увезува тутунот само од страна на тутунски фирми и фабрики за тутун.
Од царинската управа велат дека во заедничка акција со пазарната инспекција и МВР изминатиот месец заплениле околу 2.374 килограми режан тутун.