Македонија 24. јануари 2021. / 17:17

ВМРО-ДПМНЕ: Заев лажеше за Младенов, Нешковски и Смилковско, тој е вистинскиот „Монструм“

ВМРО-ДПМНЕ: Заев лажеше за Младенов, Нешковски и Смилковско, тој е вистинскиот „Монструм“

ВМРО-ДПМНЕ упати реакција кон премиерот Зоран Заев во врска со неговата последна изјава поврзана со случајот монструм.

Според најголемата опозициска партија, Зоран Заев ги злоупотребил овие немили настани за лична и политичка придобивка.

Вистинскиот монструм во случајот „Монструм“ е Заев, брутален лажго и крвопиец на туѓата несреќа.

Заев лажеше за случајот само за да ги задоволи своите политички амбиции и политички потреби.

Тој си играше со чувствата на фамилиите на загинатите во Смилковско, но и со чувствата на сите граѓани. Цела јавност се сеќава на неговите лажни изјави дека „невини луѓе лежат во затвор за Смилковско“, како и инсинуациите дека поседува докази за овој случај.

Монструозното лажење исто како за Никола Младенов, Мартин Нешковски и за Смилковско е доказ дека Заев бескрупулозно злоупотребува трагедии само за партиски цели.

Бедно и грозно политичкиот монструм Заев ја искористи болката и трагедијата на семејствата на настраданите само за да дојде на власт.

Заев каде ќе ти оди душата, што манипулираше за да шириш омраза и намерно пласираше лажни вести за политички бенефит? – Се вели во реакцијата на изјавата на премиерот Зоран Заев од ВМРО-ДПМНЕ.