Македонија 17. мај 2020. / 12:12

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ упорно на штета на здравјето на граѓаните туркаат избори

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ упорно на штета на здравјето на граѓаните туркаат избори

Здравствените експерти предвидуваат дека пандемијата предизвикана од корона вирусот нема да се подобри во брзо време, а Заев и СДСМ упорно на штета на здравјето на граѓаните туркаат избори за да го намалат изборниот пораз, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од потсетуваат дека смо вчера беа регистрирани 22 новозаболени и еден починат.

 – Бројките покажуваат дека Филипче по диктат од неговиот шеф Заев не прави доволно тестирања само за да не ја прикаже вистинската слика во Република Македонија, велат од партијата, додавајќи оти факт е дека бројот на инфицирани лица од корона вирусот во државата и понатаму расте.

Само за споредба Република Македонија на 2 милиони граѓани има тестирано 9034 граѓани, додека пак Словенија на 1 милион жители има тестирано 30221 граѓани. Исто така Република Македонија е на рекордно место по смртни случаи од Ковид 19, споредбено со земјите од Албанија, Бугарија и Грција, реагираат од партијата.

– За  ВМРО-ДПМНЕ недозволиво е граѓаните со изгубени човечки животи да ја плаќаат желбата на Зоран Заев за организирање на брзи избори и ублажување на катастрофалниот изборен пораз кој што ќе им се случи. Граѓаните ги препознаваат катастрофалните политики на СДСМ, Заев и Филипче, истакнуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека здравјето на граѓаните е пред се и над се и дека не смее да има калкулации со здравјето на граѓаните.