Македонија 28. јануари 2021. / 14:37

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не е способна да се справи со скандалот „Јавна соба“

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не е способна да се справи со скандалот „Јавна соба“

Очигледно дека Заев и Спасовски не се способни да се справат со скандалот „Јавна соба“ кој ја тресе јавноста со месеци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Додека секојдневно се јавуваат жртви на овој случај, Заев и Спасовски не нудат никаква заштита на жртвите. Спасовски јавно потенцира дека не е способен да се справи со овој случај, а пак наспроти него Заев најавува дека ќе ја забрани апликацијата Tелеграм. За разлика од Спасовски минатата година исто во јануари кога се појави случај со „Јавна соба“ за само еден ден беше расчистен бидејќи со МВР раководеше министерот Наќе Чулев и целото министерство го стави во функција на заштита на жртвите и затварање на групата“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, со ова уште еднаш власта докажала, како што велат, дека е неспособна да ги заштита граѓани, а најмалку малолетни лица да не бидат жртви на вакви злоупотреби.