Македонија 16. јануари 2021. / 15:45

ВМРО-ДПМНЕ: Од попис без почитување на европските стандарди и јасна методологија, губат сите

ВМРО-ДПМНЕ: Од попис без почитување на европските стандарди и јасна методологија, губат сите

Од насилен попис спроведен во епидемија, без почитување на европските стандарди и јасна методологија, како резултат на политички договор губи Македонија и губат сите граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека ваквиот попис кој што власта на Заев го турка, без општествен консензус е гаранција за поларизација на граѓаните и за тоа вина имаат Заев, СДСМ и власта.

Попис по стандарди на Заев е единствено сигурно дека нема да биде статистичка, туку политичка операција, смета ВМРО-ДПМНЕ.