Македонија 18. декември 2020. / 21:31

ВМРО-ДПМНЕ: Не видовме корист од тоа што Стево Пендаровски на Бојко му се обрати со „љубави“

ВМРО-ДПМНЕ: Не видовме корист од тоа што Стево Пендаровски на Бојко му се обрати со „љубави“

Стево Пендаровски на бугарскиот премиер Бојко го ословуваше со “љубави”, но освен додворување конкретна корист за државата не видовме. Ова е дел од изјавата нма опозициската партија.

Пендаровски призна дека дава изјави со цел да и додвори на бугарската негаторска политика, на штета на Македонија. Претседателот на државата призна дека дава изјави такви со какви им угодува и ги задоволува желбите на Софија на сопствена штета за државата, како таа дека херојот Гоце Делчев бил бугарин. Со други зборови освен на Заев, Стево Пендаровски е на услуга на Бугарија кој дава изјави без обзир за принципите и вистината, и без обзир за македонските државни интереси, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ

– Пендаровски покажа дека е продолжена рака и слуга на штетните политики на Заев, и неговата улога се сведува да ги оправдува и надградyва неговите предавнички политики. Ако договорот кој Заев го склучил бил исти како оној кој е преговаран од Костов и Љубчо, зошто тогаш не бил склучен договорот кој денес го постигна Заев, одговорот е зошто ниту една влада, вклучително и тие на СДСМ порано не превземаа обврски со еден таков штетен договор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив ветото од Бугарија е последица на штетниот договор на Заев, со што ја отвори паднорината кутија која денес го обезличува идентитетот на Македонците и државата.

– Пендаровски не даде одговор како и што понатаму со државата откако неговиот шеф Заев ја втурна земјава во слепа улица. Ако нон пејперот кој Заев го понуди на Бугарија е технички тогаш зошто воопшто се понудил документот или пак причината зошто се крие е зошто со тој документ Заев самоволно се откажува од македонското малцинство, историјата, јазикот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквото безидејно интервју покажува дека со ставовите на Заев и Пендаровски единствено среќни би биле бугарските власти, сметаат од опозициската партија.