Македонија 05. ноември 2018. / 12:57

ВМРО-ДПМНЕ: Не постои бизнис во земјава кој не е окупиран од кланот Заеви

ВМРО-ДПМНЕ: Не постои бизнис во земјава кој не е окупиран од кланот Заеви

„Колку пари искраде криминалната и одродена власт во oвие две години и за колку ги зголемија нивните приватни бизниси на грбот на народот?

Зоран Заев е единствениот политичар кој е аболициран за тежок криминал, за кој беше јавно фатен и снимен како бара поткуп „едно Евро за Вице, а едно евро за Црквата“.

Криминалната шема од Струмица, Заев откако стана премиер ја преслика и на државно ниво. Криминалниот картел предводен од Зоран Заев и СДСМ го окупираа бизнисот во Македонија и системски ја уништуваат државната економија додека нивните бизниси цветаат.

Откако е Заев премиер бизнисите на неговото семејство забрзано растат и бележат неверојатни милионски профити, а граѓаните на Република Македонија едвај преживуваат.

Не постои бизнис во земјава кој не е окупиран од кланот Заеви, па така за време на оваа криминална власт тие станаа најголем произведувач на марихуана на во државата. Бидејќи и тоа им е малку камионите на Вице Заев братот на Зоран Заев возат за РЕК Битола, скандал кој обвинителството не се одважи да го истражува.

И додека капиталот на криминалниот картел на Заев го достигнува врвот, Македонија се повеќе тоне. Државата е на дното во Европа, неспособната и криминална власт постојано го намалува проектираниот економски раст и од 5% стигнаа до 2,8%. Реализацијата на капитални инвестиции едвај изнесува четвртина од предвиденото , тоа е доказ дека оваа влада ниту знае ниту е способна да управува со државата.

Со секој изминат ден со Зоран Заев на власт, државата се повеќе осиромашува, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а криминалот и корупцијата царуваат. Затоа оваа криминална и ненародна власт мора веднаш да си замине, за да може Македонија и македонската економија да се опорават и одат напред“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.