Македонија 05. јули 2018. / 10:17

ВМРО ДПМНЕ најавува кривични пријави поради договорот со Грција

ВМРО ДПМНЕ најавува кривични пријави поради договорот со Грција

По изгласувањето на Договорот со Грција, одлука за референдум ќе се гласа на 17 јули, а неговото спроведување се планира за 30 септември, велат извори од мнозинството. ВМРО-ДПМНЕ подготвува кривични пријави.

Покрај повици за бојкот на каков било рефередум, повикуваат и на протести денеска пред Собранието. ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека несогласувањето со Договорот со Грција ќе го изрази на протестен марш, но во недела во Струмица, а такви протести најавува и во текот на летото во повеќе градови во земјата.

„Со овој договор се прекршува Уставот неколкупати. Овој капитулантски личен договор на Заев за укинување на Македонија не треба да заживее. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во негово спроведување, а секаков обид за негово спроведување на сила ќе носи и одговорност. Никој не ни гарантира дека ќе чекориме по патот на евроинтеграциите само со потпишување на овој срамен договор“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.