Македонија 21. септември 2018. / 18:11

ВМРО ДПМНЕ : Граѓаните знаат што да одлучат на 30 септември

ВМРО ДПМНЕ : Граѓаните знаат што да одлучат на 30 септември

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, г. Игор Јанушев денеска оствари средба со граѓаните во Општина Ранковце.

Се среќаваме со граѓаните и разговараме во однос на најактуелната тема тоа е договорот за промена на уставното име, промена на идентитетот, промена на јазикот на нас Македонците со граѓаните во овие општини, рече Јанушев.

Ние како партија веруваме во народот, на 30-ти септември граѓаните на Република Македонија знаат како да одлучат и пред се како да постапат на самиот ден на гласање.

По повод христијанскиот празник Мала Богородица, генералниот секретар Јанушев ја посети Црквата „Св. Богородица“, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.