Македонија 24. јули 2018. / 11:05

ВМРО-ДПМНЕ: Државните и националните интереси не смеат да бидат монета за потуксурување со која Заев ќе си плати амнестија на криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Државните и националните интереси не смеат да бидат монета за потуксурување со која Заев ќе си плати амнестија на криминалот

Државните и национални интереси не смеат да бидат монета за поткусурување со која што Зоран Заев ќе си плати амнестија за криминалот. Државните и националните интереси не смеат да бидат ниту димна завеса со која што ќе се покрие масовниот грабеж кој во моментов го спроведува криминалниот картел. Не смее да се менува името и Уставот на државата само за да се украдат стотици милиони евра, како што гледаме деновиве дека се случува, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Народот сфати дека виткањето кичма е утринска гимнастика на Зоран Заев за да биде подготвен за прифаќање на сите грчки црвени линии наведени во таканаречената Спогодба со Хеленската Република. Граѓаните ја сфатија играта и преземените обврски на Заев за обезличување на македонската посебност со губење на историјата и идентитетот, преку обезличување на секоја државна институција што се именува како македонска.

СДСМ е во паника бидејќи го гледа моментот на семакедонското, вклучително и од нивното членство, одбивање да се согласат со планот на Зоран Заев и неговиот клан со кој македонската нација и држава се претвораат во „вештачка нација“.

Тоа што Македонија ја влече во темното минато се криминалот и наместените милионски тендери на сметка на економското девастирање на државата и граѓаните, што е препознатлив стил при секое владеење на СДСМ. Кога станува збор за западните вредности, Европската Унија не признава наместени тендери и делење на државни пари на фирми на владини претставници. НАТО не признава судство кое е во спрега со власта, ниту пак ќе толерира криминогени ликови фатени со „рацете во медот“. Доказ за тоа се добиените „датум за датум“ и условените препораки за интеграција, кои пристигнаа и покрај извршената капитулација на Заев.

Насилството кое се обидуваат да го спроведат Заев и неговата камарила не соодствествуваат со европските демократски процеси.