Македонија 15. ноември 2019. / 16:15

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска да ја стопира злоупотребата на институциите за социјална заштита

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска да ја стопира злоупотребата на институциите за социјална заштита

До ВМРО-ДПМНЕ изминатава недела се обратија граѓани од повеќе градови во Републиката, кои забележале дека директорите на центрите за социјална работа, во придружба на нововработени лица, оствариле посети во домовите на корисниците на права и услуги од доменот на социјалната заштита, што се во надлежност на центрите за социјална работа, откри денеска за медиумите Бранкица Димитровска.

Она што е чудно и што ги збунува корисниците, велат од партијата, е невообичаената практика, директорите од центрите за социјална работа да вршат непосреден увид во домовите на корисниците, заедно со вработени кои не се ниту надлежни, ниту пак работат на предмети на кои било дискутирано за време на средбите со корисниците.

Ваквото однесување отвара простор за силен сомнеж, пред сè кај корисниците на правата на услугите, зашто очевидно некој се обидел да ја потцени нивната интелигенција, манипулирајќи со прашањата кои се и повеќе од чувствителни за нив, и тоа во непосреден предизборен период.

– Бидејќи оваа појава е забележана масовно во периодот од 04.11.2019 година, речиси во сите општини, во кои директорите на центрите за социјална работа се кадри на СДСМ, се обраќаме најпрво до министерката Мила Царовска, доколку не е информирана, еве ја информираме, веднаш да ја стопира ваквата злоупотреба на највиталните институции за социјална заштита, кои очевидно управувани од еден центар СДСМ се ставиле во функција на партиски предизборни цели, што директно подлежи на кривично гонење. А, доколку ова е диригирано од неа, тогаш: ,,Министерке, доста веќе си поигрувате со маката и сиромаштијата на луѓето! Веќе станува непристојно!”, изјави Димитровска.