Македонија 08. февруари 2021. / 13:00

Влажни коловози на патиштата, врнежи од снег на Попова Шапка

Влажни коловози на патиштата, врнежи од снег на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, наместа влажни коловози. На Попова Шапка има врнежи од ситен снег, информираат од ЈП „Македонијапат“.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Во соопштението од претпријатието се наведува дека сите информации граѓаните може да ги добијат на дежурниот телефонски број 02/ 25 61 502 или на нивната веб страница www.makedonijapat.com.mk.