Македонија 30. декември 2020. / 12:24

Власта закажува две седници во исто време

Власта закажува две седници во исто време

Денеска со почеток од 11 часот започна седницата каде се поставуваа пратенички прашања. Седницата започна со доцнење од 40-ина минути, а прв одржа говор пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Никола Мицевски на неговиот говор најпрво го изрази незадоволството од Власта бидејќи доцни 40 минути со започнување на седницата, а се осврна на тоа што власта закажува две седници во исто време. Едната седница е пратенички прашања, а паралелно на тоа во законодавниот дом трае и седницата на комисијата за европски прашања.

Мицевски потсети дека во минатото и пратениците од власта биле против ова, две седници во исто време, а како пример ја посочи Јагода Шахпаска.