Младен Чадиковски е новиот претседател на Здружението на новинари. Тој со 86 гласа го победи својот противкандидат Столе Наумов од Канал77, за кој имаше 77 гласови, објави Фокус.
Во моментот уште трае пребројувањето на гласовите за членовите на Управниот и Надзорниот одбор.
Инаку уште на 5ти месецов претходниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани, забрани ажурирање на членство во ЗНМ. Поради ова, само помалку од 200 новинари го добија правото да го избираат новиот претседател и токму така власта го протурка својот фаворит. Ваквата одлука на Селмани е спротивна на статутот на ЗНМ.
Лидер прв објави дека власта планира да го стави Чадиковски за претседател на ЗНМ.
Уште на почетокот на овој месец објавивме дека, Чадиковски, кој беше дел од медиумската империја на Велија Рамковски, има поддршка од власта за да застане на чело на ЗНМ, со цел да ги протне политиките на премиерот Зоран Заев и на СДСМ, за да може да се воспостави контрола врз целиот медиумски сектор.
За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНМ постојано, жестоко реагираше на притисокот на власта врз медиумите. Во изминатите година и пол, додека СДСМ е на власт, ЗНМ како да е во коалиција со нив и воопшто не реагира ниту на притисоците, ниту на пресметката на власта со критички настроените новинари и медиуми.
Власта, досега, нема воспоставено контрола само врз телевизија Алфа, додека сите весници, и денвни и неделни, се провладини, па главната критика против владеењето на СДСМ доаѓа само од неколку интернет портали.
Текстот на Лидер може да го прочитате ТУКА.