Македонија

Владините твитерџии во стампедо, лажат и спамуваат до бескрај

Владините твитерџии во стампедо, лажат и спамуваат до бескрај

Најчесто преку лажни профили на Твитер и на Фејсбук започнаа објаснувања дека Никола Саздевски претходно натепал роднина на еден од неговите убијци, дека бил агресивен и насилен и дека сам ја удрил главата од тротоар при нападот.

 

Саздовски не е ист со малата Тамара и Мартин Нешковски“. „Што си дробел тоа ќе сркаш“. Мала армија твитерџии(клик) вработени во владата или ангажирани преку фирми и невладини организации добиле итен налог да го спинуваат револтот на јавноста за убиството на младиот Никола Саздовски, а со цел да се ублажи критиката кон МВР и министерот Оливер Спасовски. Порталот Експрес.мк, повикувајќи се на сопствени извори токму во тимот на владини твитерџии тврди дека вчера веднаш откако се дознало дека Саздовски почина,л биле активирани дваесетина луѓе кои што требало преку социјалните мрежи да ги ублажат критиките од јавноста кон владата особено кон МВР и министерот Спасовски кои 11 дена случајот го воделе како обична тепачка или насилство иако Саздевски бил тепан со шипки и најверојатно прободен со нож.

Дел од лицата кои и претходно учествувале во слични операции против ВМРО – ДПМНЕ за време на Шарената револуција а кои не се вработени во владата веднаш отфрлиле да бидат дел од сценариото. Други сепак прифатиле по што најчесто преку лажни профили на Твитер и на Фејсбук започнаа објаснувања дека Никола Саздевски претходно натепал роднина на еден од неговите убијци, дека бил агресивен и насилен и дека сам ја удрил главата од тротоар при нападот врз него. Нивната главна теза е дека МВР и министерот Оливер Спасовски не се виновни за тоа што му се случило на Никола и што убијците не се гонат за убиство туку вината треба да се бара кај Јавното обвин