Македонија 02. август 2018. / 16:37

Владината делегација во Крушево нападната со пластични шишиња

Владината делегација во Крушево нападната со пластични шишиња

Владината делегација на Мечкин камен во Крушево била нападната со пластични шишиња и чаши од присуствутните на денешната прослава по повод Денот на Републиката.

По завршување на манифестацијата насилната група тргнала кон претставниците на Владата, но била спречена да им се доближи од полициското обезбедување, велат очевидци.

Сепак фрлале кон нив предмети што ги имале во рацете при тоа извикувајќи пцовки и навреди како изроди, предавници.

На Мечкин Камен денеска присуствуваше владина делегација составена од вицепремиерот Кочо Анѓушев, министрите за транспорт и врски, информатичко општество и администрација, локална самоуправа и за здравство, Горан Сугарески, Дамјан Манчевски, Сухејл Фазлиу и Венко Филипче./