Македонија 26. ноември 2019. / 21:01

Владина тричлена група ќе го испитува дивеењето во МНТ

Владина тричлена група ќе го испитува дивеењето во МНТ

Работна група составена од заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири и директорката на Македонски народен театар, Симона Угриновска ќе треба да го испитаат начинот на кој е спроведена прославата на 30 годишнината од постоењето на навивачката група „Шверцери“ во МНТ минатиот петок.

Ова беше одлучено на денешната владина седница, а тричлената работна група, премиерот Зоран Заев ја  задолжи состави извештај за начинот на кој е одобрена и спроведена организацијата на настанот во Националната Установа МНТ.

Во извештајот треба да биде содржана и детална информација за евентуалната штета на инвентарот.