Македонија 08. декември 2020. / 14:33

Владина делегација положи цвеќе по повод празникот Св. Климент Охридски

Владина делегација положи цвеќе по повод празникот Св. Климент Охридски

Делегација на Владата денеска положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Народната и универзитетска библиотека во Скопје, по повод празникот 8 Декември – Ден на Свети Климент Охридски.

Како што соопшти владината прес-служба, во чест на Свети Климент, основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“, делегација на Владата предводена од Никола Димитров, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, Ирена Стефоска, министерка за култура и Бујар Османи, министер за надворешни работи, положи цвеќе пред споменикот Св. Климент Охридски.