Македонија 11. април 2019. / 20:38

Владика Агатангел: Сулејман Реџепи е црниот ангел на поделбите, па со своите изјави ги нахранува екстремистите

Владика Агатангел: Сулејман Реџепи е црниот ангел на поделбите, па со своите изјави ги нахранува екстремистите

Господинот Сулејман Реџепи воопшто не наликува на верник кој преку своите верски принципи и морални норми и правила најпрво ги победува своите слабости и страсти, а потоа и со многу љубов и разбирање го прегрнува целото создание и сè што дише на овој свет.

Тој многу повеќе личи на плиток и недоделкан човек, исполнет со огромни предрасуди за поразличниот од себе, па затоа, речиси во сите негови изјави и јавни настапи, го засрамува секој чесен и искрен муслиман во нашата татковина Македонија“ пишува пишува владиката Агатангел во текстот насловен „Омразата на поглаварот“, објавен на Фејсбук страната Повардарска епархија..

Реакцијата на владиката доаѓа по објавата навидеото на кое може да се види и слушне како поглаварот на ИВЗ за Македонците вели дека се „диви“ и з„атоа немаат идентитет“

 Господин Реџепи е гласноговорник и хушкач на национална и верска нетрпеливост и во исто време е предан заштитник на погубниот тероризам и насилие.

Тој е типичен претставник на неморалноста, летаргијата, контрадикторноста и лудилото, кои со години однатре го нагризуваат и разнебитуваат нашево општество и ја шират одвратната реа на пеколната запустеност.

Сулејман Реџепи е црниот ангел на поделбите, па со своите изјави ги нахранува екстремистите на кои единствена светиња им се крвопролевањата насекаде во белиот свет.

Изјавата на г. Сулејман Реџепи не ги повредува чувствата само на христијаните, туку и на муслиманите, бидејќи огромен дел од ИВЗ се токму Македонците муслимани.

И тие ли диви и без идентитет? – прашува владиката Агатангел.