Македонија 23. февруари 2021. / 17:30

Владата усвои Информација за проект за енергетската ефикасност на студентските домови

Владата усвои Информација за проект за енергетската ефикасност на студентските домови

Владата денеска на 47-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“, кој се однесува на реконструкција и модернизација на студентски домови во државна сопственост, конкретно зголемување на енергетската ефикасност, структурниот интегритет и основната удобност.

Како што соопшти владината прес-служба, Програмата ќе се фокусира на студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Охрид и Штип. Владата го задолжи Министерството за образование и наука да го вклучи студентскиот дом „Стив Наумов“ како приоритетен во овој проект.

– Заедно со обновата на енергетската ефикасност на зградите и структурното зајакнување, основните мерки за удобност ќе бидат суштински дел од Програмата, како што е реновирање на санитарни инсталации, обнова на електрична опрема, безбедносни мерки, стандардни работни соби итн. со цел да се подобри средината за живеење и учење за студентите, информира владината прес-служба.