Македонија 31. јули 2018. / 19:38

Владата повторно подготвува прoслава, за одбележување на годишнината од Рамковниот договор

Владата повторно подготвува прoслава, за одбележување на годишнината од Рамковниот договор

Владата на Република Македонија на денешната 82. седница ја усвои информацијата за одбележување на годишнината на потпишувањето на Рамковниот договор, информираат од владината прес-служба.

Во таа насока Владата го задолжила Секретаријатот за европски прашања да дефинира програма и технички детали за спроведување на програмата, како и да ги преземе сите други активности за организација и одбележување на овој настан.

Рамковниот договор е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан по вооружениот конфликт на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.