Владата на седница ја прифати оставката на Даниел Дончев од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување.
Во текстот на оставката, Дончев навел дека се повлекува од позицијата поради приватни и семејни причини, информираат од владината прес-служба.
Имав намера и порано да го направам ова. Излегуваме од пандемијата. Близок член на семејството има проблеми со здравјето, а тоа една од причините зошто сакам да ја напуштам оваа функција, односно одлуката која ја донесов е поради семејни и здравствени причини. Веќе имам кажано дека овој чекор сакав да го направам и порано“, рече Дончев.
Дончев беше именуван за директор на ФЗО во август 2017 година. Претходно беше носител на листа во првата изборна единица од коалицијата „ВМРО за Македонија“. Дел од неговата биографија е и дека тој бил генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, но и поранешен директор на „Телеком“.