Македонија 25. ноември 2020. / 22:52

Владата ќе формира три нови секретарјати, Рашковски ќе биде секретар за мониторинг

Владата ќе формира три нови секретарјати, Рашковски ќе биде секретар за мониторинг

Драги Рашковски, доскорешниот генерален секретар на Владата, ќе ја врши функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма.

Станува збор за нова функција, која, како што објави 360 Степени, е предвидена со измени во одлуката за формирање канцеларија на претседателот на Владата.

Според обаа одлука, вчера објавена во „Службен весник“, се предвидува формирање на посебен секретаријат за мониторинг и поддршка на институциите, а треба да се формираат уште два нови секретаријати – за комуникации и за администрација.