Македонија 11. август 2020. / 21:28

Владата ќе чека од Комисијата за заразни болести модел за образовниот процес од септември

Владата ќе чека од Комисијата за заразни болести модел за образовниот процес од септември

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, информираат од Владата.

Владата ја разгледа и усвои Информација со План за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и наука, и донесе заклучок таа да биде споделена со Комисијата за заразни болести, по што врз основа на мислењето на Комисијата ќе биде донесена одлука за моделот за организирање и спроведување на наставниот процес во основните и средните училишта – наведуваат од Владата.

Претходно, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ставот на Комисијата е наставата да се одржува онлајн, освен за првачињата за кои смета дека е неоходно физичко присуство.

Комисијата за заразни болести и претставници од Министерството за образование и утре ќе преговараат за начинот на кој ќе се реализира наставата, откако деновиве не успеаја да постигнат договор.