Македонија 19. април 2020. / 13:45

Владата им наложува на вработените во администрaцијата да инсталираат „Стоп корона“

Владата им наложува на вработените во администрaцијата да инсталираат „Стоп корона“

Владата одлучи да им препорача на сите вработени лица во органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, како и се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на вработените лица од приватниот сектор да ја инсталираат мобилната апликација „Стоп корона!“.

За оваа цел, се укажува на Фондот за здравствено осигурување да ги задолжи сите матични лекари на територијата на Република Македонија на своите пациенти да препорачаат инсталирање на мобилната апликација „Стоп корона!“

Се задолжува Службата за односи со јавност на Владата да направи интензивен план за медиумско информирање на оваа мобилна апликација, со цел успешно спроведување и почитување на одлуките, мерките и препораките на Владата.

Министерството за информатичко општество и администрација се задолжува да предложи дополнителни стимулативни мерки за лицата кои ќе ја инсталираат мобилната апликација „Стоп корона!“.