Идеата на Владата, утре да направи прослава по повод НАТО-поканата за покана која ќе се реализира само доколку го промениме името и Уставот, ги разлути прилепчани, бидејќи, како што велат самите, со овој чекор им се злоупотребувал „Пивофестот“.
Идеата на Владата, утре да направи прослава по повод НАТО – поканата за покана која ќе се реализира само доколку го промениме името и Уставот, ги разлути прилепчани, бидејќи, како што велат самите, со овој чекор им се злоупотребувал „Пивофестот“ кој веќе втор ден е во тек. Ова уште повеќе и заради тоа што прилепчани, главно се против најавената утрешна Владина прослава, која според нашите информации, во градот под Марковите Кули треба да влезе во програмата на „Пивофестот“ кој, пак, стандардно е посетен од илјадници посетители.
Според неофицијалните најави, музичката група која што треба да биде дел од Владината прослава, треба да настапи на истата сцена на која се одржува и шеснесетото издание на „Пивофестот“, кој, пак, традиционално, за време на викендот е најпосетен, заради што посетителите се наоѓаат во недоумица.