Македонија 01. декември 2020. / 21:03

Владата го утврди предлог-законот за нов Универзитетски клинички центар

Владата го утврди предлог-законот за нов Универзитетски клинички центар

На денешната владина седница е утврден предлог-закон за реализација на проектот за нов Универзитетски клинички центар.

Предлог-законот е предлог на Министерството за здравство, а со него се уредуваат постапката и условите за изградба и пуштање во употреба на комплексот градби кои треба да бидат дел од новиот Универзитетски клинички центар.

Предлог законот опфаќа и реализација на дополнителни инфраструктурни услови за третман и сузбивање на заразни болести и инфекции заради заштита на населението од заразни болести, оптимизација на времето, трошоците или другите ресурси со цел ефикасна реализација на проектот „Нов Универзитетски клинички центар“ преку посебни услови и постапки за доделување на договори за јавна набавка на стоки, услуги и работи за потребите на проектот „Нов Универзитетски клинички центар“, како и други прашања уредени со овој предлог закон, велат од владата.

Со новиот Клинички од владата очекуваат да се унапреди ефикасноста и ефективноста на терцијарното здравство, а во него е предвидено да има и дополнителна инфраструктура наменета за справување со заразни болести.