Македонија 18. јуни 2018. / 11:53

Владата го усвои предлог-законот за ратификација на договорот за името

Владата го усвои предлог-законот за ратификација на договорот за името

На денешната, редовна 74 седница, Владата на Република Македонија го усвои предлог-законот за ратификација на Договорот за името со Грција и ќе го достави во Собранието.

Владата го разгледа и усвои Предлог – закон за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, на предлог на Министерството за надворешни работи.

Предлог-законот за ратификација ќе биде доставен до Собранието на Репубика Македонија.