Името на Музејот на внатрешната македонска револуционерна организација и на жртвите од комунистичкиот режим, целосно се брише и се заменува со името Музеј на Македонската борба за самостојност.
Владата денеска донесе одлука да се сменат називите на сите институции финансирани од Буџетот, па така Музјеот на ВМРО, стана Музеј на Македонската борба за самостојност.
Одлуката, како што соопшти владината прес-служба, е донесена по предлог на Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните.
Придавката МАКЕДОНСКИ според информацијата од Владата на Република Северна Македонија во поголем дел од институциите се заменува со зборот национална, а во некои називи зборот Македонија се брише.
Македонската филхармонија согласно Договорот од Преспа ќе се нарекува Национална филхармонија, a Македонската радиотелевизија се преименува во Национална радиотелевизија/
Единствена иснтитуција која ја задржува придавката македонски е МНТ односно македонскиот народен театар, додека во останатите имиња на институции зборот Република Македонија се заменува со Република Северна Македонија.