Општинскиот штаб на Куманово формиран по појавата на корона вирусот, бара Владата да прогласи кризна состојба на територијата на целата општината, како и да воведе посебен режим на влез и излез од градот.
-Бараме од Влада на Република Северна Македонија целосна изолација (карантин) на град Куманово со точно утвредени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот, се наведува во соопштението.
Покрај ова, донесени се препораки со кои се задолжува ЈП Чистота и зеленило во најбрз можен рок да изврши обележување со жолти линии со растојание помеѓу нив од 2 метри пред сите банки и пошта.
Упатуваат и апел до граѓаните до Општина Куманово да се придржуваат согласно препораките на Министерство за здраство и Владата и да се однесуваат одговорно спрема себе и спрема другите околу нив.
Куманово после Скопје е втор град по број на заразени лица, вкупно 62, потоа следат, Дебар 47, Прилеп 21 лице има корона вирус, а 15 штипјани се заразени.