Македонија 07. април 2020. / 15:44

Владата да ги преиспита можните злоупотреби на боледувања во Куманово, бара општинскиот кризен штаб

Владата да ги преиспита можните злоупотреби на боледувања во Куманово, бара општинскиот кризен штаб

Да се преиспитаат боледувањата кои што матичните лекари ги пишуваат на здраствените работници, припадници на армијата, полициски службеници и административни службеници кои што во случај на вонредна состојба се потребни за организирање во институциите бидејќи постои сомнение за евентуална злоупотреба на боледувања.

Ова е едно од барањата испратени до Владата по денешниот состанок на Општинскиот кризен штаб на Куманово.

Бараат вклучување на припадниците на армијата во редарски тимови во градот. Тие ќе треба да ги спроведуваат препораките за минимум растојание во градот со цел да се спречи создавање на метеж пред шалтерите, пунктовите, банките, поштите, стои во соопштението на кризниот штаб.

Предлагаат до Министерствата за здравство и труд и социјална политика да го поедностави правото на користење на помош и нега за друго лице, да не одат на преглед и да не закажуваат преку Мој термин

Оттаму додаваат дека на барање на Општата болница Куманово, штабот препорачува матичните лекари при упатување на пациенти на Инфективното  одделение во Куманово истите да ги праќаат со упати за лабораторија и ренген за да не се губи време за дијагностицирање туку докторите веднаш да ги прегледааат и да знаат дали да ги остават на болничко лекување или на домашно лекување.

Од Општинскиот штаб бараат да се продолжи со интензивна дезинфекцијата на градот.