Македонија 09. јуни 2020. / 09:29

Влада до петок ќе одлучи дали ќе бара продолжување на вонредната состојба

Влада до петок ќе одлучи дали ќе бара продолжување на вонредната состојба

Во сабота на 14 јуни завршува вонредната состојба, а дали Владата ќе побара продолжување треба да се знае до петок. Во земјава и натаму има голем број заболени од Ковид-19.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, објавени вчера, од 702 направени тестирања, регистрирани се 127 нови случаи, тројца се починати, а седум се оздравени. Вкупната бројка на дијагностицирани во земјава изнесува 3.152, излекувани се 1.653 пациенти, има 1.343 активни случаи, а починати се 156 лица.

Најголем број заболени 1.332 се дијагностицирани во Скопје, додека бројот на активни случаи изнесува 720, потоа следат Куманово со 556 дијагностицирани и 139 активни случаи, Тетово со 291 дијагностицирани и 127 активни случаи, Прилеп со 218 дијагностицирани и 27 активни случаи, Штип со 207 дијагностицирани и 169 активни случаи…

Заклучно со вчерашните податоци активни случаи во Скопје и околината има во: Чаир – 168, Центар – 64, Бутел – 63, Гази Баба – 58, Аеродром – 57, Сарај- 55, Карпош – 45, Кисела Вода – 35, Арачиново – 23, Студеничани – 19, Илинден – 18, Ѓорче Петров – 18, Шуто Оризари – 17, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2 и двајца странски државјани.